Oд редовите на ФК Вардар информираа дека тимот сее разделува со дури деветмина фудбалери кои беа членови на црвено-црните во првиот дел од сезоната.
Дел од Вардар во вториот дел од сезоната нема да бидат Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здравковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Ќосиќ, Дејан Ѓуриќ, Марио Костов, Мартин Блажевски и Давид Велковски.
Претходно во овој преоден рок Вардар веќе објави дека се засилува со голманот Давор Талески и напаѓачот Едиз Спахиу кој пристигна од тимот на Тиквеш.