Екипата на Челзи направи неверојатен пресврт и стигна до победа во дуелот од 24.коло од Премиер лигата откако го совлада Вест Хем со 3:2, а на полувреме беше во негатива од 0:2.
Гостите поведоа со головите на Џерод Бовен во 7.минута и на Крисенсио Самервил во 36.минута. Менаџерот на „сините“ Лиам на полувреме направи три замени, а токму двајца од замените донесоа изедначување. Во 57.минута Жоао Педро намали на 1:2 на асистенција на Весли Фофана (третиот резервен играч), додека во 70.минута Марк Кукуреља изедначи на 2:2. Голот за победа го постигна Енцо Фернандез во 90+2 минута.
По серијата од три победи Челзи се проби на четвртото место на табелата со 40 бодови, додека Вест Хем остана на 18.место со 20 бодови (зона на испаѓање).
Последниот натпревар од денешната програма од Премиер лигата меѓу Ливерпул и Њукасл почнува во 21 часот.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: