Челси со два гола во судиското надополнување до полуфиналето на ФА купот

Фудбалерите на Челси се третите учесници во полуфиналето на англискиот ФА куп сезонава. „Сините“ на „Стамфорд бриџ“го победија Лестер со 4:2.

Тие имаа водство по првото полувреме од 2:0, иако Рахим Стерлинг промаши пенал во 26. минута, со головите на Марк Кукуреља во 13-та и на Кол Палмер во 45. минута.

Сепак, „лисиците“ успеаја да се вратат со два гола во период од 10 минути. Најпрвин Аксел Дисаси со автогол ја преполови негативата на Лестер, а во 62. минута Стефи Мавидиди израмни на 2:2, за „ладен туш“ во Лондон.

Сепак, од 73. минута гостите останаа со играч помалку поради исклучувањето на Дојл, што му ја олесни работата на Челси.

Во судиското надополнување, головите на Керни Чуквуемека во 92-та и на Нони Мадуеке во 98 минута му донесоа триумф на тимот на Маурисио Покетино.

Ковентри и Манчестер сити веќе се пласираа меѓу најдобрите четири, а последен полуфиналист ќе познат по големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, од 16.30 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО