Со високи, убедливи, и заслужени 3:0, тимот на Челзи предмалку во Џакарта, во рамките од подготовките ова лето беше подобар од тимот на Милан.
Пред преполните трибини, „Сините“ одиграа далеку подобар натпревар од противникот и стигнаа до убав триумф со головите на Педро на два пати односно Каиседо.
Ова беше уште еден во серијата на мечеви кои европските гиганти ги играат на Далечниот исток или пак во Австралија, каде што се наоѓаат дел од нив во моментов.