Челзи испрати прва понуда за Фермин 40 милиони евра

Челзи испрати понуда за фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез.

Лондонскиот клуб официјално ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра за трансферот на 22-годишниот играч од средниот ред, објави Фабрицио Романо.

Минатата сезона во Ла Лига, Фермин одигра 28 натпревари, постигнувајќи 6 гола и запишувајќи 5 асистенции.

Треерот на Барселона, Ханси Флик, за евентуалното заминување на Фермин од Барса истакна дека тој е убеден дека Фермин ќе остане во клубот и оваа сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО