Фудбалерите на Челзи го победија Евертон со резултат од 1:0 во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата.
— OvoOno (@OvoOnoX) April 26, 2025
Тимот на Енцо Мареска стигна до важни три бода со голот на Николас Џексон во 27.минута од натпреварот.
Џексон ја затресе и мрежата на гостите во 85.минута, но тој гол беше поништен веднаш и без проверка во ВАР собата поради офсајд.
Со овој триумф, „Сините“ ги престигнаа Нотингем Форест и Њукасл и моментално се четврти со 60 бода, но и натпревар повеќе од овие два тима.
Во следната рунда, Челзи го пречекува Ливерпул во можеби клучен натпревар во борбата за Лигата на шампионите, додека Евертон ќе игра дома против Ипсвич.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: