Премиерлигашот Челси го ангажираше голманот, Данецот Филип Јоргенсен (22) од Вилјареал за 20,7 милиони фунти за седумгодишен договор. Лани Јоргенсен забележа 37 настапи за Вилјареал.
– Овој потег е остварување на мојот сонот. Многу сум возбуден што потпишав за Челси, еден од најголемите клубови во светот. Едвај чекам да ги запознам сите и да почнам да настапувам со новите соиграчи, изјави Јоргенсен.
Се очекува Јоргенсен да се натпреварува за голманската позиција на Челси со Роберт Санчез. Тој е роден во Шведска, за која настапуваше во најмладите категории, пред да почне да настапува за Данска, до 21 година, родната земја на татко му.
За Вилјареал потпиша на 15 години и напредуваше низ младинската категории на клубот пред да дебитира за сениорскиот тим во октомври 2020 година.