„Чеканите“ добија врвен напаѓач

Екипата на Вест хем успеа да го ангжира германскиот фудбалски интернационалец, Никлас Филкруг, кој денеска ги мина медицинските тестови, објави „Скај спортс“.

Тој пред два дена ја напушти Борусија Дортмунд за да го финализира договорот со „чеканите“. Екипата од Англија за неговиот потпис ќе плати 26 милиони евра, плус уште четири како бонуси.

Напаѓачот ќе потпише договор за три сезони со опција за уште една. Филкруг ќе заработува околу три милиони фунти на годишно ниво.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО