Чави лут до вселената: Она што му го реков на судијата во тунелот…

Барселона е елиминирана вечерва од Лигата на шампионите, откако на домашен терен беа убедливо поразени од ПСЖ со 4:1.

Иако на првиот натпревар победија во Париз со 3:2, овој пат среќата беше на страната на гостите, кои одиграа фантастичен натпревар. Но од друга страна, човекот кој беше исклучен, тренерот на Барселона, не се согласува дека заслужено се поразени.

Во напливот на емоции и незадоволство од судиските одлуки, Чави Ернандез доби црвен картон и мораше да го напушти теренот.

– Штета, навистина штета што сме елиминирани од Лигата на шампионите. Нашиот сон за ЛШ сезонава е завршен, пред се поради грешките на судијата. Му реков по натпреварот на судијата дека е катастрофа, тоа е реалноста за вечерашната средба, порача Чави Ернандез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО