Фудбалерот на Челси, Тревор Чалоба, кој беше изоставен од летната турнеја во САД, веројатно ќе биде продаден летово, објавија денеска медиумите во Англија.
„Сините“ од Лондон се подготвени да го продадат фудбалерот за сума од 30 до 35 милиони фунти. Наводно, за 25-годишниот Англичанец заинтересирани се три клуба од Островот, Премиерлигашите, Њукасл, Манчестер јунајтед и Фулам.