Комесарот за натпревари при Кошаркарската федерација Македонија (КФМ), Александар Милојевиќ, донесе одлука да се доигра вчерашниот меч меѓу Чаир и МЗТСкопје Аеродром кој беше прекинат на полувремето откако гостите се пожалиле дека биле нападнати од неофицијални лица.
Чаирчани имаат рок денеска до 20 часот да достават термин за доигрување на прекинатиот натпревар, согласно актите на КСМ.
Натпреварот од 20. коло ќе се доигра во празна сала со резултат и време од моментот на прекинот.