Чаби Алонсо добива улица во Леверкузен

Сезонава Баер Леверкузен за првпат во својата 119-годишна историја успеа да дојде до титулата во Бундеслигата, а најголеми заслуги за ваквиот успех има тренерот Чаби Алонсо.

Еден од најпознатите германски медиуми „Шпигел“ денеска објави дека Чаби Алонсо наскоро ќе добие улица со своето име во Леверкузен.

Најавите се дека навивачите поднеле иницијатива името на Алонсо да го носи улицата која води до стадионот на Баер.

Информациите се дека и собранието започнало да ги разгледува административните закони со цел Шпанецот да добие ваква чест.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО