Буфон: Италија допрва ќе покаже карактер

Репрезентацијата на Италија се пласира во осминафиналето од ЕП, каде во сабота ги очекува дуел против Швајцарија во Берлин.

Легендарниот голман Џиџи Буфон, порача дека „Азурите“ ќе покажат допрва карактер на терен и ќе покажат дека се еден од фаворитите.

Рекордерот по бројот на настапи (176), на ова ЕП отпатува со репрезентацијата во друга улога, како помошник на селекторот.

Италија имаше многу проблеми во групата на смртта, а пласман во нокаут фазата обезбеди со максимално драматичен гол против Хрватска во 97. минута.

– Момците се обединија, покажаа карактер и вложија голем труд. Имаме големи предизвици пред нас, ми се допаѓа како работи Спалети. Се обидуваме да го достигнеме врвот ан формата и сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри кога е најпотребно, порача некогашниот чувар на мрежата на Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО