Буфон го откри неговиот најголем грев во животот: Сега се срамам од тоа!

Некогашниот голман на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон, ќе остане запаметен како еден од најголемите имиња во историјата на италијанскиот фудбал.

Тој во моментов ја извршува функцијата директор на репрезентацијата на Италија, а на една од пресконференциите неодамна откри од што најмногу се срами од минатото.

Џиџи Буфон признава јавно дека дипломата за средно образование ја купил и сега тоа го прогонува низ животот.

– Направив многу грешки кога бев млад, но она од што најмногу се срамам е тоа што купив диплома за средно образование. Сега тоа не би го направил, затоа што е нефер начин. Не сакам по скратен пат да дојдам до успех. Но ете, не бев совршен и мислам дека затоа сега сум поблизок со луѓето по некои прашања, порача Буфон.

Чесно е што тој тоа го признава, што е уште еден доказ за неговиот личен морал и кредибилитет.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО