Британката Хоџкинсон конечно се закити со злато

Кили Хоџкинсон од Велика Британија доминираше во финалето на 800 метри на Олимписките игри (ОИ), со време од 1:56,72 минути, и го освои златниот медал ставајќи му крај крај на чекањето за светска титула.

Младата, 22-годишната девојка, беше втора на две Светски првенства (СП) по ред, откако освои сребро и на дебито на ОИ како тинејџерка во Токио пред три години.

Но, Хоџкинсон успеа ја прекине таа серија на најголемите спортски натпреварувања, не попушти пред притисокот и пред ривалките. Среброто го освои Циге Дугума од Етиопија, која истрча личен рекорд од 1:57,15 секунди, а бронзата, Кенијката Мери Мора.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО