Британката Брајони Пејџ конечно дојде до златниот медал во дисциплината скок на трамбулина

Британката Брајони Пејџ (33 години) го освои златниот медал во дисциплината скок на трамбулина на Олимпијадата во Париз, со што го комплетираше сетот олимписки медали.

Пејџ, која предходно имаше сребро од Рио де Жанеиро 2016 и бронза од Токио 2021 година, во финалето стигна до златото со 56.480 поени, веднаш зад неа беше Вијалета Браџиловскаја , додека Канаѓанката Мет дојде до бронзата.

Бранителката на титулата од Токио, Кинеската натпреварувачка Ксуејинг Жу , откако беше најдобра во квалификациите, стигна само до четвртата позиција во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО