Брера Струмица потврди уште две имиња: Нигериецот Олаосебикан и младиот Георгиев

Она што „Спортклуб.мк“ го најави уште пред десетина ден, денес од редовите на Брера Струмица е и потврдено.

Младиот Лука Георгиев кој есенва настапуваше за второлигашот Осогово од Кочани е ново засилување на нашиот прв тим. Станува збор за млад перспективен фудбалер кој во неколку наврати беше прогласуван за играч на колото во Втората македонска фудбалска лига а се запиша како стрелец на головите во дуелите со Кожув и Новаци.

Лука е роден на 18.05.2004 година. Со оглед дека со семејството живеееле во Германија има настапувано за тамошни младински екипи а беше дел и од проектот на Динамо Загреб ,,Животен натпревар“

-Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб,, вели младиот Георгиев кој деновиве почна да тренира со сениорите на нашиот прв тим.

23 годишниот нигериски интернационалец Ибрахим Олаосебикан е ново засилување на нашиот тим. Станува збор за централен играч за врска кој минатата година настапуваше за литванскиот Судова за кој одигра 34 натпревари во Литванската А лига и тамошниот национален Куп, при што постигна 2 гола а имаше и 3 асистенции.

Олаосебикан својата карирера ја почнува во нигерискиот Реал Сафире а во Литванија преминува во 2021 година каде освен во Судова има настапувано и во Хегелман. Ибрахим има одлични физички предиспозиции, брзина и одличен преглед на играта.

-Воодушевен сум што сум овде во Струмица. Ви благодарам за топлиот прием за моето доаѓање. Тука сум да го поддржам тимот за да заедно ги постигнеме целите. Верувам дека моите извонредни вештини ќе бидат одлично дополнување на тимот,, вели Ибрахим Олаосебикан

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО