Брера се засилува со искусниот Антонио Каланоски

Напаѓачот Антонио Каланоски e новото име во редовите на струмичка Брера. Искусниот 30-годишен фудбалер потпиша договор за следната натпреварувачка сезона, откако лани настапуваше за Силекс.

Станува збор за фудбалер кој игра во нападот и зад себе има огромно искуство во повеќе македонски клубови. Минатата сезона Каланоски одигра 31 натпревар за Силекс Каланоски и постигна девет гола.

– Честа е да се носи дресот на Брера и јас се надевам дека наредната сезона ќе биде успешна, како за мене така и за целиот тим и клуб, изјави Каланоски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО