Шампионот на Англија, Арсенал, успеа да ги убеди челниците на Њукасл во врска со трансферот на Бруно Гимараеш. Прашање на денови е кога Бразилецот официјално ќе стане играч на Арсенал.
Иако 28-годишниот играч од средниот ред има договор со „сврчките“ уште две години, тој инсистираше да го напушти клубот, а главната причина е што Њукасл не игра во европските натпреварувања оваа сезона.
Капитенот не се појави во тренинг кампот во Шпанија, туку остана во Бразил со своето семејство, каде што чека конечна потврда и лет за Лондон.
Разговорите меѓу двата клуба траат уште од Светското првенство, кога Арсенал започна со понуда од 60 милиони евра. Раководството на Њукасл, предводено од Саудискиот инвестициски фонд (PIF), побара многу повеќе пари и на крајот ги доби.
Арсенал за Бруно Гимараеш ќе плати 100 милиони евра.
Гимараес беше еден од најдобрите играчи на Бразил на последното Светско првенство, но во натпреварот против Норвешка во осминафиналето, промаши пенал при резултат 0:0. На крајот, Бразилците загубија со 2:1 и го завршија учеството на Светското првенство.