Бразилската фудбалска конфедерација преговара за нов договор со селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти, до 2030 година, објавува „Глобо“.
Шеесет и шестгодишниот фудбалски стручњак заработува приближно 10 милиони евра годишно според неговиот тековен договор, што е највисоката плата меѓу селекторите.
Неговиот договор вклучува и бонус од пет милиони евра доколку Бразил го освои Светското првенство во 2026 година.
Бразилската фудбалска конфедерација е задоволна од настапот на репрезентацијата под водство на Анчелоти и верува дека тој веќе направил доволно за да ги врати кариоките на вистинскиот пат.
Анчелоти беше назначен за селектор на бразилската репрезентација во мај 2025 година.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: