Бразил и Аргентина парично казнети поради тепачката меѓу навивачите на „Маракана“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги казни Бразил и на Аргентина за тепачката меѓу навивачи пред натпреварот на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, во квалификациите за Светското првенство (СП) лани во ноември.

Бразил е казнет со 50.000 швајцарски франци поради „неуспехот да го обезбеди законот и редот на стадионот“, а Аргентина со 20.000 франци поради „недостиг на ред или дисциплина на и околу стадионот“.

На Аргентина, исто така, наредено и е да потроши 50.000 франци на образовни анти-дискриминаторски проекти, поради недоличното однесување на навивачите на двата претходни натпревара во квалификациите за СП, против Еквадор и Уругвај.

Поради тепачките меѓу навивачите на трибините натпреварот што го доби Аргентина со 1:0 доцнеше околу 30 минути. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси мораше да ги повлече соиграчите надвор од теренот за да се смират страстите.

Слични казни добија Чиле, Колумбија и Уругвај, како и Мали, во Африка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО