Џовани Бранкини, кој му е агент на 56-годишниот познат тренер, Масимилијано Алегри, вели дека искусниот стратег чека атрактивна понуда за да и се врати на работата.
Италијанецот на крајот на претходната сезона го напушти калчо-лигашот Јувентус и засега е без ангажман.
– Алегри чека интересен проект кој ќе одговара на неговите карактеристики. Сите знаат каков е неговиот стил. Мислам дека во последните години тој на сите им докажа колку вреди, изјави Бранкини.