Александар Божилов од триатлон клубот „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од клубот за екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија се победници на 4. Стопанска Триоги триатлон трка што се одржа минатиот викенд во Скопје.
Второто место во машка конкуренција го освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а третото, Борис Андреев од „Тритим“ од Софија.
Кај жените, втора беше Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, Србија, а трета, Анастасија Пејчева од Три тим од Софија, Бугарија.