Босанскиот одбранбен играч, Ѓорѓе Ќосиќ од денеска е ново име во ФК Вардар потврдија од клубот. Ќосиќ кој има 28 години, и игра на позициите централен дефанзивец и лев бек, доаѓа од екипата на Тузла сити.
Ќосиќ има настапувано и за Шахтјор Караганди, Младост ГАТ, Борац од Бањалука, Зрињски, Витез и Звијезда 09, а со Борац ја освои шампионската титула во првенството на БиХ.
Тој е вториот интернационалец од БиХ кој потпиша за Вардар, по Горан Закариќ, кој исто така стави потпис на договорот со нашиот најтрофеен состав.