Лонго Боргини (32) стана првата домашна победничка на женската велосипедска трка Џиро д’Италија, од 2008 година па наваму, по извозените осум етапи, од 7 до 14 јули, во должина од 876,6 км.
За Боргини ова е прв триумф на Џиро што се одржува од 1988 година. Втора во генералниот пласман беше светската шампионка на друмски патеки, Белгијката Лоте Копецки со заостаток од 21 секунда, а трета Австралијката Нев Бредбери, која заостана 1,16 минути зад победничката.
– Ќе ми треба малку време да сфатам што сум направила. Сите во мојот тим завршија неверојатна работа, ми беа многу посветени, им благодарам многу, рече Боргини.