Боли : Ние инвестираме во фудбалерите

Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Тод Боли, на Економскиот форум во Катар зборувал за рекордното трошење на клубот. Познатиот новинар, Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), пренесе дел од изјавата на првиот човек на „сините“

 

– Ние не трошиме пари, ние инвестираме во играчи и тие продолжуваат да ја задржуваат вредноста. Да, јас останувам на тоа дека инвестицијата направена во Челзи вреди, биле зборовите на Боли.

Во изминатите три преодни рокови, Челзи потроши повеќе од 1 милијарда евра за играчи. На 14 август, лондончани го комплетираа рекордниот договор во историјата на Премиер лигата, купувајќи го играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо за 133 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО