Боксерката која е обвинета дека е маж се пласира во финалето на ОИ

Алжирската боксерка, Иман Келиф се пласираше во финалето на олимпискиот боксерски турнир во категоријата до 66 килограми. Таа во полуфиналето по три рунди со одлука на судиите ја победи тајландската боксерка, Јанјем Суванпехен.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи на Келиф да се натпреварува на женскиот турнир, иако имаше забрана од Меѓународната боксерска асоцијација поради вишокот тестостерон. Поради ова, многумина ја обвинуваат дека всушност е маж.

Каков третман добива Келиф на ОИ најдобро покажа нејзината прва борба. Кога влезе на рингот беше „поздравена“ со гласни свирежи од публиката, а мечот го доби откако Италијанката, Анџела Карини и го предаде мечот по само 46 секунди, подоцна признавајќи дека не можела да ја поднесе болката.

За многумина беше сомнително како е можно Келиф да се натпреварува на турнирот. Многу беше напишано за нееднаквоста меѓу неа и нејзините ривалки, но притоа се забораваат две работи.

Таа веќе настапи на ОИ во Токио 2021, каде што по победата во првиот меч беше поразена во четвртфиналето. Зад неа се и професионалните борби со сооднос кој не влева страв во коските.

Таа нема изгубено меч од 2022 година, но досега загуби вкупно девет. Поточно, нејзиниот сооднос победи-порази на аматерско ниво е 37:9. Далеку е од непобедливост, а уште подалеку ако се погледне што направи таа како професионалец.

Келиф пристигна во Париз со ефект од 9:5 и два забележителни порази од ирските боксерки, Кели Харингтон во четвртфиналето во Токио и во финалето на Светското првенство (СП) 2022 година од Ејми Бродхарст.

Алжирската амбасадорка на УНИЦЕФ, родена пред 25 години во сиромашно семејство, прво сонувала да стане фудбалер. Подоцна се заљубила во боксот и покрај противењето на нејзиниот татко, кој тврдел дека тоа не е спорт за девојките.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО