Напаѓачот на Портсмут, Колби Бишоп, имаше операција срцето откако рутинските прегледи покажаа потенцијална опасност за неговото здравје. Проблемот на фудбалерот беше откриен на претсезонските тестови на играчите во англискиот второлигаш.
– Исклучително сум благодарен што ме упатија до водечкиот светски експерт. Тоа беа дешки денови за мене и мојата сопруга“ – напиша Бишоп на социјалните мрежи.
Тој игра за Портсмут од 2022 година. Во претходната сезона одигра 48 натпревари и даде 21 гол.