Репрезентацијата на Франција се пласира во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) и пред последниот трет меч во групата Д, против Полска, вечерва од 18 часот. Но многумина не забележаа дека „триколорите“ се меѓу 16-те најдобри иако ниту еден нувни играч не постигна гол!
По двата меча Франција освои четири бода што беше доволно за пласман во нокаут рундата. Во првото коло Франција со многу среќа забележа победа против Австрија (1:0), откако Максимилијан Вебер со глава од пет метри ја испрати топката во сопствената мрежа. Франција имаше дури 14 удари кон голот на ривалот, но само три кон противничкиот гол.
Слично беше и против Холандија во второто коло. Натпреварот заврши без голови, а Французите повторно беа крајно непрецизни. Упатија 16 удари, од кои само три во рамките на голот на Холандија.
Француските фудбалери денеска против Полска ќе имаат можност за првпат да ја затресат мрежата на ЕП, веројатно со помош најдобриот, напаѓачот, Килијан Мбапе кој го повреди носот на мечот со Австрија и ќе игра со маска на лицето.