Бетис го купи Диего Љоренте од Лидс Ј.

Бетис ги финализираше преговорите со Лидс Јунајтед за Диего Љоренте, а сумата која треба да ја плати е во висина од 3 милиони евра.

Љоренте последната сезона ја мина во Рома каде се пресели во јануари 2023 година со 18-месечен договор за изнајмување, за кој „волчицата“ плати 500.000 евра и ја презеде целата плата на играчот.

Шпанецот за време на престојот во Рим одигра вкупно 54 натпревари.

30-годишниот дефанзивец го напушта Лидс по 59 настапи за клубот откако се пресели на „Еланд Роуд“ во 2020 година за 20 милиони евра од Реал Сосиедад.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО