Дени Дринквотер (34) беше дел од тимот на Лестер што во сезоната 2015/16 изненадувачки ја покори конкуренцијата и ја освои титулата во Премиер лигата. А само две години претходно, тој со „лисиците“ од Чемпионшип влезе во Премиер лигата.
По освојувањето на титулата, Дринквотер се проби и во англиската репрезентација, а нешто подоцна во трансфер вреден 37,9 милиони евра се пресели во Челси.
По бајката со Лестер, падот на Дринквотер почна со преселбата во Челси каде што не успеа да избори место во првиот тим. Потоа и повредите почнаа да го мачат, беше испратен на позајмица и кариерата му заврши во 2022-та. Во меѓувреме имаше проблеми со законот, но и во приватниот живот.
Почнал да излегува навечер, а по една од таквите забави завршил во затвор. Доживеал сообраќајна незгода по која бил уапсен и му била одземена возачката дозвола на 20 месеци.
Две години подоцна, тој ги изненадил своите следбеници на Инстаграм со објава од новата работа и со фотографија од градилиште!
Тоа предизвикало доста негативни коментари и потсмев бидејќи на таа приказна се надоврзала друга во која тој го ископирал одговорот на еден од неговите следбеници кој му напишал дека „го допрел дното“.
Дринквотер одговорил дека градилиштето е негов избор и оту му се допаѓа тоа што го прави.