Играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингем стана првиот европски фудбалер што настапил во завршницата на три големи натпреварувања, на ЕП 2020 и 2024 и на Светското првенство (СП) 2022 пред да наполни 21 година (20 години и 353 дена).
Тој е и вториот играч во историјата на националниот тим кој постигнал гол на Светско и на Европско првенство (ЕП), пред да наполни 21 година.
Белингем вчера даде гол на натпреварот од 1. коло од групната рунда на ЕП 2024 против Србија. Тој пред две години на СП во Катар исто така постигна гол, против Иран.
Првиот што постигнал гол за Англија на двата големи турнира пред да наполни 21 година беше Мајкл Овен (20 години и 189 дена).
20 – Jude Bellingham is the first European player to make an appearance at three major international tournaments before turning 21 (aged 20 years, 353 days today), having played at EURO 2020, the 2022 FIFA World Cup and now EURO 2024. Obscure. #SRBENG pic.twitter.com/eh4Ve48whI
— OptaJoe (@OptaJoe) June 16, 2024