Белгиецот Брис е новиот селектор на Камерун

Белгиецот Марк Брис е нов селектор на Камерун. Откако Федерацијата не му го продолжи договорот на претходниот тренер Ригоберт Сонг, беше јасно дека Камерун ќе добие нов селектор.

Изборот падна на човек кој досега нема работено во репрезентација. 62-годишниот Брис за првпат во кариерата ќе води една селекција, откако досега тренираше главно клубови од Белгија и Холандија. Во тимот на Брис се асистентите Јоаким Мунунга и Јанис Ксилурис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО