(ВИДЕО) Бекам бил покрај Ериксон до последните мигови

Долгогодишниот капитен на англиската репрезентација, Дејвид Бекам, практично до последните мигови бил покрај сега покојниот шведски фудбалски стручњак и селектор на Англија, Свен Ериксон.

По смртта на познатиот фудбалски стручњак, по долгата битка со тешката болест, откриено е дека Бекам бил меѓу последните кои отишле да се простат од него и да минат заеднички моменти.

Ериксон беше селектор на Англија повеќе од пет години (од 2001 до 2006-та) и во тој период соработуваше со Бекам. Тие имаа блиски односи буквално до последниот ден. Пред два месеца, Швеѓанецот вака ја раскажа нивната последна средба.

– Дојде со шест литри вино кои беа од берби и од години кои ми беа важни. Имаше вино од 1948 година, кога јас сум роден, тоа беше многу убаво од него. Тој можеше да се однесува како ѕвезда, но беше токму спротивното, изјави поранешниот тренер на Сампдорија, Лацио, Рома, Манчестер сити, Лестер…

Бекам му донел и вино од 1982 година, кога Ериксон го освои Купот на УЕФА со Гетеборг, а имало и вино од 2000 година, во знак на сеќавање на познатата 1999/2000 сезона во која Ериксон стана шампион во Серија А, со Лацио.

– Дејвид Бекам одгледуваше компири и подготви месо од својата фарма. Ден пред да дојде, испрати готвач да ја подготви храната, потоа дојде и остана со мене еден ден. Седевме заедно и многу разговаравме за фудбалот, откри тогаш Ериксон.

Ериксон имаше трогателно простувања и во Ливерпул, клубот кој му ја исполнија желбата да седне на клупата на „црвените“ на егзибицискиот меч. Во Џенова беше пречекан како икона на Сампдорија, а се подразбира, и Швеѓаните се простија од него.

Бекам објави кратко видео од нивната средба при посетата во Шведска со емотивна објава: „Се смеевме, плачевме и знаевме дека се збогуваме… Свен, ти благодарам што секогаш беше страствен, грижлив, смирен и вистински џентлмен…

Засекогаш ќе ти бидам благодарен што ме направи капитен и засекогаш ќе ги негувам последните спомени од овој ден со тебе и со твоето семејство… Ти благодарам Свен, со твоите последни зборови до мене „ќе биде во ред“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО