Бејли во дресот на Вила уште три години

Крилниот напаѓач на Астон Вила, Леон Бејли го продолжи договорот со Астон Вила. Ова денеска го соопшти прес-службата на англискиот клуб.
Според изворот, новиот договор на напаѓачот ќе важи до крајот на сезоната 2026/2027 со опција за продолжување на уште една година.
Бејли игра за Астон Вила од 2021 година. Оттогаш, Јамајканецот имаше 87 натпревари, постигнувајќи 16 гола за тимот од „Вила Парк“.
Оваа сезона крилниот напаѓач одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 10 голови и реализираше уште 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО