Женската тениска репрезентација на Македонија забележа победа над Естонија со 2:1, во мечот од првото коло во рамките на Втората Евроафриканската зона од „Били Џин Кинг“ купот што се игра во Вилнус, Литванија.
Решавачки за победата на Македонија беше мечот во двојки во кој Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Каја Kанепи и Ингрид Нил, со убедливи 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.
Преходно Елена Малогина го доби дуелот со Магдалена Стоилковска, 2:0 (6:1 и 6:3), а Лина Ѓорческа успеа да триумфира против искусната, 38-годишна, Каја Канепи со 2:1 (7:6 и 6:4).
Македонија во среда се среќава со Хрватска. Утре играат Хрватска – Естонија.