Барселона загуби во меч со осум гола кој се играше 100 минути

Барселона и Виљареал одиграа феноменален натпревар во 22. коло од Примера, а победникот беше решен во 100. минута. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 5:3 за гостите.

Веќе во 3. минута Алекс Баена постигна гол за гостите, но истиот беше поништен поради недозволена позиција.Левандовски во 12. минута падна во шеснаесетникот на гостите, но судијата не обрна премногу внимание.

Во 22. минута Џерард Морено постигна гол за водство на Виљареал. Сепак, Хозе Луис Мануера Монтеро реши да го поништи голот по консултација со ВАР, а никој од гостите не можеше да разбере зошто.

Главниот судија им објаснуваше на гостите дека наводно е фаулиран Коунде, но навистина е тешко да се утврди што судиите гледаат како фаул.
Играч на Барселона падна, но навистина е тешко да се види каков било контакт за фаул во оваа ситуација

Гостите постигнаа регуларен гол во 41. минута, а стрелец повторно беше Морено и на пауза се замина со водство од 1:0. Јамал во 53. минута падна во противничкиот шеснаесетник, но судијата ја продолжи играта.

Една минута подоцна гостите водат со 2:0. Ахомач овојпат постигна гол и малкумина веруваа дека Барселона може да оствари позитивен резултат.

Сепак, само шест минути подоцна Гундоган по асистенцијата на Левандовски враќа малку надеж во својот тим. Осум минути подоцна беше 2:2. Овој пат во улога на асистент беше Гундоган, а голот беше Педри.

Домашниот тим во 71. минута направи целосен пресврт, а Бејли си постигна автогол. Но, гостите беа решени да не бидат поразени на оваа средба.

Гуедеш погоди во 84. минута за 3:3 и сите мислеа дека тоа ќе биде конечниот резултат на овој меч, но не беа во право. Сорлот погоди во 100. минута за ново водство на Виљареал од 4:3. Ниту тука не заврши, бидејќи Виљареал во 112. минута постигна уште еден гол и на тој начин оствари победа од 5:3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО