Роберт Левандовски има договор со Барселона на уште две сезони, но големо е прашањето дали и следната сезона ќе биде дел од таборот на Барселона.
Левандовски во Барселона пристигна летото 2022 година од Баерн Минхен за 45 милиони евра, а минатите сезони беше далеку најдобар играч на овој тим и меѓу најзаслужните за освојувањето на титулата во Примера.
Но сезонава полскиот интернационалец често е мета на критики поради неговата игра, бидејки не е ефикасен како минатата сезона. Неговиот договор е до летото 2026 година, но постојат реални шанси да не го одработи до крај.
Наводно Хуан Лапорта и Чави Ернандез, сметаат дека сега е идеален момент за негово заминување, бидејки сметаат дека тој повеќе нема што да им понуди на теренот.
– Роберт Левандовски би можел да замине ова лето од Барселона, Чави и управата сметаат дека тој нема никогаш повеќе да биде на исто ниво како порано, тврдат дел од медиумите во Шпанија.
🚨🚨| Robert Lewandowski could be on his way OUT of Barcelona this summer.
Xavi & the board believe that he won’t return to his best level.
(via @ferrancorreas) pic.twitter.com/UcExmZPzwm
— Pubity Sport (@pubitysport) May 11, 2024
Барселона со неговото заминување би заработила добро, но и ќе се ослободи од неговата обемна плата која ќе може да ја распореди на други фудбалери.