Барселона со пресврт ја спаси сопствената чест и избегна сензационална елиминација

Барселона вечерва беше приморана да направи комплетен пресврт во Купот на кралот, за да се спасува од апсолутен срам.

Фудбалерите на Барселона искрено се намачија вечерва за да не бидат посрамени на гостувањето кај третолигашот Унионстас, каде губеа 1:0, па мораа да дојдат до победа како знаат и умеат.

Домаќините поведоа преку Серано Алваро Гомез во 31. минута и тоа беше во тој момент сензационален резултат за нив.

Но Каталонците до изедначување дојдоа во самиот финиш на првиот дел, стрелец беше Феран Торес, по што ја вратија резултатската неизвесност на оваа средбна.

Целосниот пресврт се случи во 69. минута кога дефанзивецот Кунде фантастично погоди за 2:1. Конечните 3:1 беа поставени три минути подоцна, кога Кунде овој пат беше во улога на асистенот, а стрелец на последниот гол беше Алехандро Балде.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО