Барселона се откажа од Рашфорд, Англичанецот се враќа во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд следната сезона нема да настапува за Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор во вредност од 30 милиони евра.

Според шпанските медиуми, англискиот напаѓач по завршувањето на позајмицата ќе се врати во својот матичен клуб, Манчестер Јунајтед.

Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон беше јасен сигнал дека интересот на Барселона за Рашфорд значително опаднал. Поранешниот фудбалер на Њукасл Јунајтед настапува на истата позиција како и Рафиња, што создаде голема конкуренција во нападот.

Барселона за Гордон плати 70 милиони евра, а со неговото доаѓање практично исчезна можноста Рашфорд да остане на „Камп Ноу“. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник.

Во одлуката на клубот пресудиле тактички и старосни причини. Тренерот Ханси Флик сметал дека Гордон нуди поголем придонес во дефанзивната фаза и при притисокот врз противничката одбрана, сегмент во кој Рашфорд бил послаб.

Дополнителен фактор била и возраста. Рашфорд во октомври ќе наполни 29 години и е три и пол години постар од својот сонародник Гордон.

Иако зад себе има успешна сезона во дресот на Барселона со 14 голови и 14 асистенции на 49 натпревари, спортското раководство на клубот имало одредени резерви околу неговото задржување.

На крајот, клучна за конечната одлука била проценката на тренерот Флик, по што Барселона се откажала од траен трансфер на Рашфорд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО