Барселона сака да го врати Верати во Европа

Шпанскиот гигант Барселона на лето ќе сака да потпише нов квалитетен играч за врска, а главниот тренер Чави Ернандез, кој ќе остане на чело на Каталонците и следната година, веќе составил список со имиња кои ги сака на таа позиција и го доставил до спортскиот директорот Деко, пишува „Диарио Спорт“.

Најголема желба е Марко Верати, кој минатото лето го напушти Пари Сен Жермен и се пресели во тимот на Ал Араби во Катар. Барселона ќе се обиде да го ангажира Италијанецот на позајмица, додека самиот Верати е отворен за преселба на „Камп Ноу“.

Италијанецот не е задоволен од животот на Блискиот Исток и сака да се врати во Европа. Дури е подготвен да прифати помала плата за да игра во Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО