Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Наводно Барселона е таа што ќе се обиде да го врати 33-годишниот Французин во Европа. Каталонците беа импресионирани од неговите настапи на ЕП 2024 и сакаат да го обезбедат неговиот потпис летово.
За Канте е заинтересиран и Вест хем, но Ал-Итихад ја одби понудата на Англичаните. Францускиот репрезентативец се пресели во Ал-Итихад лани .