Барселона ја одби понудата на Баерн Минхен за Араухо

Барселона ја одби понудата вредна 75 милиони евра од Баерн Минхен за Роналд Араухо,
пишуваат шпанските медиуми.

Според  нив, трансферот на Уругваецот Араухо во редовите  на Баварците бил загрозен поради можното заминување на тренерот Томас Тухел.

Роналд Араухо има договор со Барселона до летото 2026 година. Според порталот Трансфермаркт
пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.

Претходно беше објавено дека уругвајскиот фудбалер ја одбил понудата на управата на Барселона за продолжување на договорот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО