Барселона им се заблагодари на тројца фудбалери

Барселона на големо се подготвува за новата сезона, а клубот официјално се збогуваше од тројца фудбалери.

Како што е објавено на сајтот на каталонскиот клуб, за Барселона идната сезона нема да настапуваат Жоао Феликс, Маркос Алонсо и Жоао Кансело.

Кога станува збор за Алонсо, на него му истече официјално договорот, а медиумите пренесоа дека најверојатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Што се однесува до Феликс и Кансело, кои изминатата сезона беа на позајмици од Атлетико и Манчестер Сити, клубот реши да не побара да им бидат откупени договорите.

– Барселона им се заблагодарува на повестеноста на играчите, им посакуваме се најдобро во иднина, стои на сајтот на каталонскиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО