Екипите на Барселона и Фуксе Берлин ги добија ПИК Сегед и Алборг и си го отворија патот до завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Каталонците иако во последно време покажуваат слабости вечерва во Унгарија славеа со 27:24 и тоа во меч во кој клучно беше второто полувреме кое гостите го реализираа со 18:14. Најрасположен играч беше бекот Мем со десет погодоци.
Фуксе Берлин пак експлодираше во вторите 30 минути и го разби Алборг со 37:29. „Лисиците“ имаа негатива од 15:14 на пауза за да потоа видиме нивно шоу и со 23:14 биде изборен триумф од осум разлика. Гидсел и Фрајхофер блескаа и искомбинираа 20 голови.