Одличен натпревар во 22. коло од Ла Лига. На крајот Барселона победи против Бетис со 4:2 како гостин.
Неверојатен натпревар на Бенито Виљамарин. Натпреварот го одбележаа двајца мајстори на фудбалот, Феран Торес и Иско.
Првиот постигна два гола за водство на Барса од 2:0. Ја затресе зелено-белата мрежа во 21. и 48. минута. Помеѓу тие два гола, Левандовски постигна гол и во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме, но истиот беше пониште поради офсајд по интервенирањето на ВАР.
И тогаш на сцена стапи поранешниот ас на Реал. Најпрвин Иско во 56. минута намали на 2:1, а потоа три минути подоцна израмни. И токму кога се чинеше дека ова ќе биде навистина кошмарно попладне за Барса, Торес повторно стапи на сцената.
Најпрвин во 90. минута му асистираше на Жоао Феликс за ново водство. За во следната акција да го комплетира хет-трикот и што е многу поважно да ја завери победата на Барселона.