Барселона го премисли Араухо, сега му нуди и нов договор

Барселона ја отфрли понудата на Јувентус за Роналдо Араухо и реши да му понуди продолжување на договорот на уругвајскиот репрезентативец, пренесува „Мундо Депортиво“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Араухо веќе во зимскиот преоден рок бил подготвен да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во Јувентус, кој за овој трансфер подготвил околу 45 милиони евра.

Сепак, спортскиот директор на Барселона Деко го убедил Араухо да остане во каталонскиот клуб. Исто така, Деко го убедил раководството на Барселона да му понуди нов договор на уругвајскиот фудбалер.

Араухо (25) пристигна во Барселона во 2018 година, а со каталонскиот клуб има договор до јуни 2026 година. За Барселона одигра 152 натпревари и постигна осум гола

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО