Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона има сериозни намери да го доведе 24-годишниот Џонатан Давид, напаѓачот на Лил.
На крајот од сезонава на Давид му завршува договорот со францускиот клуб, а во Барселона го гледаат како долгорочна замена за полскиот центарфор, Роберт Левандовски.
Но, се спомнува дека во таа трка Барселона ќе треба да победи два славни и богати англиски премиерлигаша, Арсенал и Манчестер јунајтед.
Од 2018 до 2020 година Давид играше за белгиски Гент, по што се пресели во Лил. Во текот на кариерата одигра 59 натпревари за канадската репрезентација за која постигна 31 гол.
Давид сезонава повторно е еден од најдобрите играчи во француската лига, а моментално е и најдобар стрелец во првенството со 11 гола.
Претходно се пишуваше дека Барселона не треба да потроши ниту цент за да го доведе Давид бидејќи тој би требало да пристигне како слободен играч. Целата зделка би чинела околу 80 милиони евра, за плата и бонуси за четиригодишен договор.