Барселона стана најновиот тим кој се поврзува со левото крило Маркус Рашфорд за кого Манчестер Јунајтед бара нов клуб барем до крајот на сезоната. Според „Спорт“ и Барселона има намера да се вклучи во борбата за потписот на поранешниот англиски репрезентативец, со чиј агент веќе стапиле во контакт.
Идејата на Каталонците е да го привлечат Рашфорд само преку позајмица до крајот на сезоната.
Сепак, клубот ќе мора да ослободи средства од буџетот за плати за да може да го ангажира 27-годишниот играч, кој падна во немилост кај неговиот нов менаџер Рубен Аморим. За таа цел, Барса овој месец смета на разделба со играчи како Ерик Гарсија, Роналд Араухо и Ансу Фати, како и на продажба на Оскар Мингеза од Селта, бидејќи „блауграните“ имаат 50% од неговите трансфер права.