Бајлс „прескокна“ до третото злато во Париз

Американската гимнастичарка, Симон Бајлс го освои третиот златен олимписки медал на Игрите во Париз, во дисциплината прескок. Бајлс (27) ѝ помогна на САД да триумфира во повеќебој, а потоа освои златен медал и во дисцишлината кругови.

Бразилката Ребека Андраде, единствената гимнастичарка која има вештини кои можат да се приближат на оние на Бајлс и која триумфира на ОИ во Токио 2021-та, го освои среброто, а Американката Џејд Кери се закити со бронза.

Бајлс по освојувањето на златото во повеќебој изјави дека соочувањето со Андраде било „стресно“ бидејќи таа била единствената гимнастичарка што некогаш ја турнала до „работ“  и се пошегувала дека не сака повторно да се соочи со неа.

Бајлс е третата најуспешна гимнастичарка во историјата со 10 олимписки медали, но ќе настапи во уште две финалиња, во понеделник, на партер и на греда.

Таа ќе има можност да ја престигне второпласираната, Вера Чаславска, која освои 11 медали за Чехословачка меѓу 1960 и 1968 година. Рекордот на сите времиња со 18 медали го држи гимнастичарката од Советскиот сојуз, Лариса Латинина, освоени во пероидот од 1956 до 1964 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО